Англиските медиуми неколку месеци пишуваат дека Садио Мане по завршувањето на сезоната е го напушти Ливерпул. Наводно неговиот следен клуб ќе биде Реал Мадрид.
Во вторникот се појавија информации дека Ливерпул биле подготвени да го продадат Мане, а доколку тоа се случи тогаш Јирген Клоп ќе тргне по Килијан Мбапе.
Планот на Ливерпул е јасен да заработат 150 милиони евра од трансферот на Мане, а за да го донесат Мбапе ќе мора да вложат уште 100 милиони евра кои ќе ги обезбедат од продажбата на некои други играчи и од новиот спонзор „Најки“.
Ливерпул договори соработка со „Најки“ од која ќе добива 60 милиони евра годишно.
Прашање е само колку оваа приказна на англиските медиуми е реална, односно дали навистина Ливерпул би платиле 250 милиони евра во период кога сите се соочени со финансиска криза.