Ливерпул го пратија Фабио Карваљо на позајмица во германскиот РБ Лајпциг по разочарувачката прва сезона на „Енфилд“, во која имаше само 13 настапи, но инсистираат дека 20-годишниот фудбалер од средниот ред е дел од планираниот тим во иднина.
Карваљо беше купен од Фулам минатото лето, а иако Јирген Клоп најави „ремонт“ на средниот дел од неговиот тим, тој не е во плановите да биде стандарден првотимец и ќе се обиде да се врати во вистинска форма во Бундеслигата.
„Како млад фудбалер, за мене е голем чекор од Англија да се преселем во Бундеслигата, а пристигнувам во силен тим со многу успеси во последните неколку години. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го искористам предизвикот. Целта е да се одиграат што е можно повеќе мечеви, посебно во Лигата на шампионите“, вели Карваљо.
Fabio Carvalho has joined RB Leipzig on a season-long loan deal.
Good luck for the campaign ahead, Fabio 👊
— Liverpool FC (@LFC) June 30, 2023