Top Sport

Мурињо го сака Фред на „Олимпико“

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо сака да го донесе бразилскиот играч од средниот ред Фред од својот поранешен клуб во Рома, тврди „Сан“.

Тие тврдат дека Мурињо го респектира 30-годишниот Фред, кој беше незадоволен од минутажата во тимот на Ерик Тен Хаг минатата сезона, а сега со пристигнувањето на Мејсон Маунт, сигурно ќе добива и помалку шанси. Тен Хаг сака да го задржи Бразилецот во тимот, но Мурињо му нуди стартно место во Рим.

По двете последователни европски финалиња со Рома, Мурињо ќе добие повеќе средства во летниот преоден рок. Тој го донесе Фред во Јунајтед од Шахтјор Доњецк.

Scroll to Top