Ливерпул пратија двајца играчи на „калење“ во англискиот Чемпионшип – 23-годишниот Хери Вилсон замина на позајмица во Кардиф, додека 17-годишниот Харви Елиот, најмладиот стрелец во историјата на тимот, ќе ја помине сезоната во Блекбурн.
„Црвените“ сакаа да најдат постојан трансфер за Вилсон, а иако Барнли беа заинтересирани, сумата од 20 милиони фунти беше превисока. Наместо тоа, тој ќе ја помине сезоната во својот роден Велс за 1.2 милиони фунти по сезона. Вилсон има само два настапи за првиот тим на Ливерпул, еден во ФА купот во 2017 и еден во Карабао купот овој месец, а лани беше позајмен на Бурнемаут.
Блекбурн пак, го добија 17-годишниот англиски младински репрезентативец, Харви Елиот, кој го потпиша првиот професионален договор со „црвените“ во јули и имаше девет настапи за Ливерпул.
Harvey Elliott has joined Blackburn @Rovers on loan for the remainder of the 2020-21 season.
Best of luck this season, Harvey ?
— Liverpool FC (@LFC) October 16, 2020
Harry Wilson has joined @CardiffCityFC on a season-long loan deal.
Good luck for the season ahead, @harrywilson_ ?
— Liverpool FC (@LFC) October 16, 2020