Top Sport

Ливерпул го прегази Лидс

Ливерпул го декласира Лидс на „Елан роуд“ со 6:1 во 31.коло. Лидс кој грчевито се бори за опстанок во лигата, прв пат во клупската историја прими шест гола на домашен терен во Премиер лигата.

Лидс против Ливерпул се држеше 35 минути. По голот на Гакпо, играта на домашниот дим целосно се распадна. Четири минути подоцна Салах ја зголеми предноста.

На стартот од вториот дел, Синистера во 47.минута ја искористи грешката на Конате, го намали резултатот на 1:2.

Надежта на Лидс дека ќе избегне пораз згасна во 52.минута кога Диого Жота на Ливерпул му ја врати предноста од два гола.

До крајот на мечот погодија Салах, Жота и Дарвин Нуњез.

Ливерпул сега има 47 бода, девет помалку од Њукасл кој се наоѓа на четвртото место, Лидс е 16. со 29 бодови.

Scroll to Top