Top Sport

Ливерпул го продолжи договорот на Робертсон, следен е Салах?

Иако ова лето не беа многу активни на пазарот на играчи, Ливерпул успеаја да осигураат долгорочен договор за уште еден стандарден првотимец, откако шкотскиот репрезетативец Енди Робертсон го продолжи договорот до 2026 година.

27-годишниот Робертсон, кој има 177 настапи за „црвените“, веќе имаше договор за следните три сезони, но Јирген Клоп сметаше дека е потребно да добие нов договор, сличен каков што претходно ова лето потпишаа голманот Алисон, Фабињо, Трент Александер-Арнолд и Вирџил ван Дајк. Се верува дека следната, и можеби најтешката пречка, е долгогодишен договор за Мохамед Салах.

„Немаше тајна дека сум пресреќен во клубот и дека немам проблем да останам и подолго на ‘Енфилд’. Ова е среќен момент за мене и за моето семејство, го сакам овој фудбалски клуб и патот продолжува“, вели Робертсон.

Scroll to Top