Top Sport

„Лакост“ го продолжи спонзорскиот договор со Ѓоковиќ

Францускиот „Лакост“, славниот „крокодил“ го продолжи спонзорското партнерство со Новак Ѓоковиќ до 2025 година.

„Заедно од 2017 година, Лакост и Новак Ѓоковиќ се горди што го продолжуваат партнерството до 2025 година. Исклучителниот спортист и светски рекет број 1 ги дели заедничките вредности со францускиот ‘крокодил’: храброст, посветеност и елеганција“, се вели во објавата на француската компанија.

Според српските медиуми, Ѓоковиќ претходно добивал по 9.4 милиони долари од „Лакост“, а сегашната цифра не е објавена, но се верува дека е повисока.

Scroll to Top