Top Sport

Ливерпул го промовираше Коди Гакпо: Возбуден сум што ќе играм на „Енфилд“

Англискиот премиерлигаш Ливерпул го промовираше новото засилување, холандскиот напаѓач Коди Гакпо, кој доаѓа од ПСВ Ајндховен. Тој одигра одлично на Светското првенство во дресот на Холандија и ескпресно направи трансфер во Ливерпул.

„Возбуден сум што сум тука. Ова е извонреден клуб за мене и ќе се обидам да покажам сè што знам. Едвај чекам да истрчам на „Енфилд“, слушнав неверојатни приказни за стадионот, атмосферата и не можам да дочекам“, изјави Гакпо.

Тој ќе мора да се врати во Холандија и да добие работна дозола пред и дефинитивно да се приклучи на тимот на Јирген Клоп со право на настап по отворањето на зимскиот преоден рок.

Scroll to Top