Top Sport

Ливерпул и Баерн подготвуваат размена, Мане за Гнабри

Ливерпул и Баерн би можеле да ги заменат играчите чии договори истекуваат на крајот од следната сезона. Станува збор за напаѓачите Садио Мане и Серж Гнабри, кои досега одбиваат да ги обноват договорите со своите клубови, тврди новинарот Флоријан Платенберг.

За разлика од Мо Салах, кој преговара со Ливерпул за продолжување на договорот, засега нема информации дека истото ќе го направи и 30-годишниот Мане. Тој пристигна на „Енфилд“ во 2016 година од Саутемптон и досега постигна 118 гола на 265 натпревари во сите натпреварувања.

Сенегалецот оваа сезона одигра 46 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигна 20 гола и забележа четири асистенции. Неговиот актуелен договор со клубот е со важност до 30 јуни 2023 година.

Актуелниот договор на 26-годишниот Гнабри со Баерн исто така трае до летото 2023 година. Гнабри оваа сезона одигра 40 натпревари, постигна 14 гола и забележа пет асистенции.

Гнабри е незадоволен од статусот што го има кај тренерот Јулијан Нагелсман. Бара гаранции дека ќе има поголема улога во тимот, во спротивно ќе го напушти Минхен.

Scroll to Top