Ливерпул и Манчестер Јунајтед бараат промени во Премиер лигата. Доколку помине нивниот план тогаш „големата шестка“ би имала важна улога во Премиер лигата.
Предлогот на измените е наречен „Пошироката слика (Big picture)“. Планот е напишан од сопствениците на Ливерпул, а веднаш го поддржале и газдите на Манчестер Јунајтед.
Главните промени кои се предложени се во иднина во Премиер лигата да се натпреваруваат 18 екипи и повеќе да не се играат натпреварите во Лига купот и Комјуните шилд.
Од Премиер лигата би испаѓале две екипи, а 16 на табелата би играл плејоф со уште три тима од Чемпионшип дивизијата.
Исто така девет екипи би имале посебен третман. Покрај Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Челси, Тотенхем и Арсенал тука би бле и Евертон, Вест Хем и Саутемптон.
Тоа би значело дека за да помине некој предлог за одредени промени во системот на Премиер лигата би требало позитивно да гласаат шест одо овие девет клуба.
Лига купот доколку помине предлогот веднаш би добил компензација од 250 милиони фунти, а исто така Премиер лигата би насочила 25 отсто од своите приходи кон останатите англиски првенства.
Интересно е што Вест Хем кој треба да биде повластен е против овој предлог.