Top Sport

Ливерпул и Јунајтед во трка за Рајан Гравенберх

Јирген Клоп повторно планира да „шопингува“ во Бундеслигата, откако по потписот на Ватару Ендо, „црвените“ тргнуваат по потписот на младиот Холанѓанец, Рајан Гравенберх од Баерн Минхен, тврди „Билд“.

Конкуренција на Ливерпул може да им направат од Манчестер јунајтед, кои и претходно беа поврзувани со Гравенберх, а нејасно е дали Баварците се подготвени да го пуштат 21-годишниот Холанѓанец, иако за него има мала минутажа во составот на Томас Тухел. Клоп има цел да го засили средниот ред на Ливерпул, откако им пропаднаа обидите да ги донесат Моисес Каиседо и Ромео Лавија.

Тие исто така можат да му гарантираат на Гравенберх поголема минутажа, додека во Јунајтед, Ерик Тен Хаг има доволно опции на неговата позиција.

Scroll to Top