Иако Серж Гнабри игра брилијантно оваа сезона во Баерн Минхен, постојат големи шанси да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Причината е возраста, но и неговиот договор, кој истекува во јуни 2026 година, па од јануари ќе стане слободен да преговара со потенцијални идни клубови.
Први во редот да го земат Гнабри без обештетување се Ливерпул и Јувентус.
„Билд“ пишува дека Баерн не сака да ја продолжи соработката со германскиот репрезентативец, бидејќи му плаќаат помеѓу 18.000.000 и 20.000.000 евра бруто, на годишно ниво.
Гнабри се докажа на големата сцена како исклучителен фудбалер, но факт е дека во претходните две сезони беше во значителен пад, и дека немаше иста статистика како во годините пред тоа.
Оваа сезона, пак, игра многу подобро, но во Баерн проценуваат дека тоа не е доволно за да стават нов договор на маса со истите услови.
Интересно е што досега одигра точно 300 натпревари за клубот од Минхен, со 95 гола и 65 асистенции.
Во германската репрезентација има 55 настапи и 24 гола, заедно со девет асистенции
