Top Sport

Ливерпул и РБ Лајпциг во „лов“ на Косовецот Рашица

Ливерпул и РБ Лајпциг се заинтересирани да го обезбедат потписот на крилото на Вердер Бремен, Милот Рашица, тврди претседателот на Косовската фудбалска федерација (ФФК), Агим Амеди.

23-годишниот Рашица имаше 10 гола за Вердер во сите натпреварувања оваа сезона, за вкупно да има 23 гола во 64 меча откако пристигна од холандскиот Витесе во јануари 2018 година.

„Има многу скаути кои го следат. Сигурен сум дека Ливерпул го сакаат во Премиер лигата, но и Лајпциг, но сигурен сум дека ќе добие совети за најдобро да ја подобри својата кариера“, вели Амеди.

Рашица има 27 настапи за косовската репрезентација, откако претходно играше двапати за Албанија пред Косово да стане член на УЕФА во 2016 година. Тој сигурно ќе биде дел од косовската репрезентација со која Македонија ќе се бори за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Scroll to Top