Top Sport

Талентот Журадо одби договор со Барса, заминува на „Олд Трафорд“

Талентираниот млад бек на Барселона, Марк Журадо одбил да го продолжи договорот со клубот и ова лето ќе премине во Манчестер јунајтед, тврди „ЕСПН“.

Журадо можеше да потпише прв професионален договор минатиот месец, кога наполни 16 години, но ја одбил тригодишната понуда од Барса со која би заработил 60.000 евра во првата сезона и 100.000 евра во третата, за да премине во школата на „ѓаволите“, кои ќе треба да платат 200.000 евра за неговите услуги.

Журадо ќе стане првиот фудбалер од славната академија „Ла масија“ на Барса кој заминал во Манчестер јунајтед по Жерард Пике, кој во 2004 година потпиша за „ѓаволите“ на 17 години.

Журадо ќе биде трето засилување за академијата на Јунајтед ова лето, по голманот Радек Витек и напаѓачот Џо Хјуџил.

Scroll to Top