Ливерпул и Манчестер сити се на „штрек“ по најавите на Вулверхемптон дека експлозивното крило Адама Траоре е на продажба.
Според „Дејли мирор“, шефот на Вулфс, Нуно Еспирито Санто добил порака од управата на клубот за продажба на фудбалери за да се финансира обнова на тимот и да се заддржи мексиканскиот напаѓач Раул Хименез, кој е на „мета“ на Манчестер јунајтед.
24-годишниот Траоре, кој е поранешен фудбалер на Барселона, Астон вила и Мидлзборо, со своите игри во изминатата сезона заслужи повик во шпанската репрезентација и Вулфс го ценат на околу 35 милиони фунти, речиси двојно од 18-те милиони фунти кои ги платија на Мидлзборо.
Газдите на клубот, „Фосун интернешнл“, се обидуваат да ги намалат трошоците по финансискиот удар по корона вирусот, откако Вулфс завршија како седми, три поени над Арсенал.