Шампионот на Англија, Ливерпул се уште не го завршил преодниот рок. Клубот досега потроши 300.000.000 евра на засилувања, а до рајот на трансфер пазарот ќе се обидат да ја засили одбраната. На радарот на ливерпул е талентираниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони.
Трансфер инсајдерите, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, тврдат дека 18-годишниот играч на Парма веднаш ја прифатил понудата на „црвените“.
Тимот од „Енфилд“ сега треба да ги започне преговорите со Парма, која ја проценува вредноста на својот талентиран стопер на 30.000.000 евра.
Тоа е десетина од сумата што Ливерпул ја потроши ова лето за доаѓањето на Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг.
Клубот од Емилија-Ромања нема да има ништо против брзо да оствари огромен профит благодарение на својот бисер, кој брзо напредува откако се проби во првиот тим, и се чини дека дури и шесткратниот европски шампион нема да има проблем со издвојувањето на потребната сума пари.
Во претходната сезона, Леони играше 17 пати во Серија А, од кои во 14 пати беше во почетниот состав. Тој се етаблираше како играч од првиот тим на стадионот „Енио Тардини“ во јануари оваа година и даде значаен придонес за опстанокот на Парма во Серија А.