Top Sport

Ливерпул инсистира на трансферот на Лавија од Саутемптон

Англискиот премиерлигаш Ливерпул продолжува да притиска за трансферот на Ромео Лавија, но договор со Саутемптон засега не е постигнат. Последната понуда беше 42 милиони фунти, но повторно недоволна за да се задоволи Саутемптон, кој е решен да ги добие тие 50 милиони што претходно ги побара.

Преговорите продолжуваат, а по заминувањето на Хендерсон и на Фабињо, менаџерот Јирген Клоп е уште поамбициозен за ваков трансфер.

Според него, играчот од средниот ред на „светците“ е совршен за комплетирање на целосно новиот среден ред на Ливерпул. Претходно на „Енфилд“ пристигнаа Мекалистер и Шобослаи веќе се приклучија.

 

Scroll to Top