Top Sport

Ливерпул испратил понуда за Вида

Ливерпул до Бешикташ испратил понуда за трансфер на Домагој Вида, објави порталот „Спортклуб“ повикувајќи се на свои извори во турскиот клуб.

Според истиот извор, клубот од „Енфилд“ бил подготвен за хрватскиот дефанзивец да плати 20 милиони фунти.

Вида, во својата кариера има настапувано за Осиек, Баер Леверкузен, Динамо Загреб и Динамо Киев, а член на Бешикташ е од јануари оваа година. За репрезентацијата на Хрватска, со која денес ќе игра во четврт-финалето на Светското првенство, има одиграно 62 натпревари.

Во Ливерпул од 2014 година игра партнерот од дефанзивниот бедем на Хрватска, Дејан Ловрен. За место во тимот покрај со Ловрен, Вида би се борел со Вирџил ван Дајк, Жоел Матип и Рагнар Клаван.

Scroll to Top