Top Sport

Ливерпул избегнаа исфрлање од Англискиот лига куп

Ливерпул беа казнети со 200.000 фунти за поставување на фудбалер кој не смеел да настапува во меч од Англискиот лига куп при победата над МК Донс, но избегнаа исфрлање од натпреварувањето, потврди Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Шпанецот Педро Киривелја, кој влезе во второто полувреме при 2:0 победата немал интернационална дозвола за настап по крајот на неговиот договор за позајмица со шпанскиот клуб Екстремадура. Половина од казната ќе биде условна до крајот на сезоната 2020/01, објави ЕФЛ.

ЕФЛ потврди дека Ливерпул побарале помош од Англиската фудбалска федерација (ФА) во обезбедување на интернационална дозвола пред стартот на сезоната за 22-годишниот фудбалер од средниот ред, кој претходно  играше во резервниот тим на Ливерпул.

Scroll to Top