Top Sport

ЛШ: Хакими донесе победа за Борусија во Чешка, Наполи не го „проби“ Генк (видео)

Борусија Дортмунд се искачи на првото место во тешката група Ф по 2:0 победата на гости кај Славија Прага пред дербито од истата група на „Ноу Камп“ помеѓу Барселона и Интер. Во групата Е пак, Наполи не успеа да ги победи Генк на гости, одигрувајќи 0:0.

„Милионерите“ стигнаа до водство во 35. минута, кога по фантастичен брз контра-напад, Ашраф Хакими постигна гол, а конечните 2:0 беа поставени во 89. минута, кога повторно Хакими стрелаше за победа и преземање на првото место во групата.

Наполи, за кои во второто полувреме во игра влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаша повеќе од играта против белгискиот клуб, но не успеа да постигне гол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА Е

Генк – Наполи 0:0

Ливерпул – Салцбург 21.00 ч.

Табела: 1.Наполи 4, 2.Салцбург 3, 3.Генк 1, 4.Ливерпул 0

ГРУПА Ф

Славија Прага – Борусија Дортмунд 0:2

Барселона – Интер 21.00 ч.

Табела: 1.Борусија Д 4, 2.Интер 1, 3.Барселона 1, 4.Славија П. 1

Scroll to Top