Top Sport

„Ливерпул ја губат трката за титулата, им следува борба за пласман во Топ 4“

Ливерпул, синоќа, по четири години и 68 натпревари, доживеа пораз на домашен терен во Премиер лигата. Барнли, сензационално ги однесоа бодовите од „Енфилд“, со голот на Ешли Барнс од пенал во 81.минута.

Ливерпул е во криза, тоа го покажуваат резултатите. „Црвенте“, во 2021 година немаат постигнато гол, а немаат победа на последните пет натпревари.

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, најавува фијаско доколку Јирген Клоп не смени нешто во играта.

„Не се сеќавам кога последен пат се случило толку играчи, во исто време, да бидат вон форма…“, рекол во својот коментар на „Скај спортс“.

Ливерпул, викендов, ќе игра во ФА купот против Манчестер јунајтед, а потоа му следи серија на тешки натпревари во Премиер лигата.

„Доколку серијата што им следува не помине добро, тогаш е сигурно дека веќе во февруари ќе отпаднат од борбата за титулата. Доколу се случи тоа, тогаш Ливерпул ќе води жестока борба за Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите“, стравува карагер.

По дуелот со Манчестер јунајтед, Ливерпул ќе игра против Тотенхем и Вест Хем во Лондон (28. и 31.јануари), потоа на „Енфилд“ ќе ги пречека Брајтон и Манчестер сити (3.и 7.февруари), а на 13.февруари ќе гостува кај Лестер.

Scroll to Top