Top Sport

Ливерпул ја откри трибината „Кени Далглиш“

Легендарниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш ја доби честа една трибина на славниот стадион „Енфилд“ да го носи неговото име.

„Кралот“, како што сакаат да го нарекуваат навивачите на „црвените“ својот поранешен играч, дојде во Ливерпул пред точно 40 години за тогашен британски рекорд од 440.000 фунти. Шкотланѓанецот со нив освои 20 трофеи како играч и 11 како менаџер во две децении во тимот, а пред дербито со Манчестер јунајтед, фановите на Ливерпул ќе направат мозаик со неговиот лик пред мечот.

На церемонијата присуствуваа поранешниот менаџер Жерар Улие, поранешните играчи Јан Сент Џон, Роби Фаулер, Алан Хансен, Фил Томпсон, Мајкл Овен, Џејми Карагер и Стивен Џерард, но можеби најзабележително беше присуството на стариот ривал, Сер Алекс Фергусон, како и уште еден великан на Манчестер јунајтед, Сер Боби Чарлтон. Прославата започна, нормално, со шкотски гајди.

„Првото чувство е на огромна скромност. Нормално е да си горд кога ќе го видиш своето име на трибината. Имаше многу големи имиња кои можеа да бидат таму, и затоа гордоста е поголема. Дојдов тука во 1977 година од Глазгов кога имав 15 години, но Бил Шенкли знаеше дека сум премлад и ми кажа да дојдам повторно. Кога имав 26 години, тоа се оствари. Ова беше совршено место за игра“, изјави 66-годишниот Далглиш.

Scroll to Top