Top Sport

Ливерпул ја прекина низата од четири порази кај Шефилд јунајтед

Можеби беше потребно гостување кај последнопласираниот тим во Премиер лигата, но лузерската серија од четири меча во низа на Ливерпул заврши, по 2:0 триумфот кај „отпишаните“ Шефилд јунајтед.

Отпорот на тимот кој веќе ја планира следната сезона во Чемпионшип беше скршен во 48. минута, кога Кертис Џонс доби „отпадок“ во шестнаесетникот и го совлада противничкиот голман. Во 66. минута, ударот на Роберто Фирмино го „закачи“ дефанзивецот на „блејдс“, Кин Брајан за 0:2 и победа на тимот на Јирген Клоп.

Покрај прекинувањето на лошата низа, трите поени ги носат Ливерпул на шестото место со 43 поени, еден зад петтопласираниот Челси и два зад Вест хем на четвртото место. Шефилд јунајтед остануваат на 11 поени на последното место, дури 15 од безбедната зона.

Scroll to Top