Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербетов изјавил дека Ливерпул треба да ја добие титулата во Премиер лигата доколку сезоната не биде завршена поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19.
До крајот на сезоната во Премиерлигата остнаа уште девет рунди, Ливерпул се надмоќни во однос на конкурентите, имаат 25 поени повеќе од Манчестер сити.За да обезбедат титулата и теоретски на „црвените“ им се потребни уште шест поени.
„Луѓето бараат титулата да му се додели на Ливерпул, искрено, ја заслужија поради начинот на кој што играа, никој не успеа да им се доближи. Поради начинот на кој што ги играат натпреварите, нивниот фудбал, разликата во однос на ривалите, ја заслужија титулата оваа сезона“, рекол Бербатов.
Бугаринот во 2010 година против Ливерпул постигна хет-трик во победата на Јунајтед 3:2 и стана првиот играч на „црвените ѓаволи“ по пауза од 64 години што постигнал три гола на еден натпревар против најголемиот ривал.