Top Sport

Ливерпул ќе го продаде Салах, на „Енфилд“ ќе дојде играч на Реал

Ливерпул, во финишот на летниот преоден рок, го одби атакот на Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија понуди 250.000.000 евра за најдобриот играч и стрелец на „црвените“, Мохамед Салах.

Ливерпул победи, но на сите им е јасно дека Салах на крајот ќе се пресели во Саудијска Арабија. Англиските медиуми, пишуваат дека Јирген Клоп на клупските челници им го посочил фудбалерот за кого смета дека би бил достојна замена за Салах.

Станува збор за фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго (22). Бразилецот има договор со Реал до јуни 2025 година и наводно откупна клаузула од 100.000.000 евра.

Дел од англиските медиуми тврдат дека на „Енфилд“ ќе биде интересно во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top