Top Sport

Ливерпул ќе играат пријателска еден ден по првото коло во ПЛ, Клоп се жали на распоредот

Ливерпул ќе играат пријателски меч еден ден по првото коло во Премиерлигата против Фулам следниот викенд, а во исто време нивниот менаџер Јирген Клоп се пожали на распоредот на сезоната која уште не е завршена.

„Црвените“ играаа со Манчестер јунајте, Кристал палас, РБ Лајпциг и Ред бул Салцбург во текот на пред-сезоната, а утре ќе се судрат со шампионите Манчестер сити во Комјунити шилд натпреварот во Лестер. Веќе во недела, на „Енфилд“ тие ќе играт пријателска со Стразбур, пред на 6 август да ја почнат лигашката сезона на гости кај Фулам. Клоп открива дека следниот ден ќе играат уште еден пријателски меч (против засега непознат противник), з фудбалерите да бидат подготвени за раниот старт на сезоната поради Светското првенство во Катар.

„Утрешниот меч е важен, но мораме да се подготвиме за сезоната и тоа не може да го игнорираме. Можевме да најдеме друг термин. Можеби бидејќи имавме подолга сезона од другите тимови и сега имаме кратка пред-сезона, така што нема многу смисла. Игравме против Салцбург, загубивме, трениравме двапати дневно, така што е интензивно. Не можеме да си дозволиме да игнорираме дека пред нас следи сезона“, вели Клоп.

Scroll to Top