Набил Фекир играч на Олимпик Лион се наоѓа пред трансфер во Ливерпул, пренесуваат британските медиуми.
Фекир во текот на денот треба да се појави на лекарски прегледи во Ливерпул и потоа да го потпише договорот со клубот од „Енфилд“.
Некои медиуми вчера објавија дека Фекир потпишал за Ливерпул, меѓутоа Лион веднаш ги демантираше тие информации.
Трансферот на Фекир треба да изнесува 53 милиони фунти, односно 60 милиони евра.
Фекир е еден од најталентираните играчи од средниот ред во Европа. Има 24 години, а досегашната кариера ја минува во Лион.