Top Sport

Ливерпул, конечно, го продаде Марковиќ

Лазар Марковиќ, конечно, ќе замине од Ливерпул, откако не настапил за „црвените“ од 2015 година. Ливерпул се договори за трансфер од 2.9 милиони фунти со белгискиот Андерлехт, каде што Србинот играше една полусезона во 2017/18.

24-годишниот Србин беше поврзуван со трансфер во грчкиот ПАОК, но тој ја отфрли таа можност, дозволувајќи Андерлехт да го ангажира со постојан договор, но Ливерпул задржа 50 отсто од следниот трансфер.

Марковиќ дојде во Ливерпул во 2014 година за 20 милиони фунти од Бенфика, каде што како 20-годишник постигна 7 гола во португалската лига. Меѓутоа на „Енфилд“ тој имаше само два гола во сезоната 2014/15 и не успеа да го пополни местото во нападот по заминувањето на Луис Суарез.

Откако дојде Клоп, Марковиќ беше прво на позајмица во Хал сити во 2016/17, по што помина време во Фенербахче, Спортинг и Андерлехт. На крајот тој ја завршува кариерата во Ливерпул со 3 гола во 34 настапи.

Scroll to Top