Top Sport

Стивенс не ја дава титулата, лесно преку Азаренка

Актуелната шампионка од САД опен, Слоун Стивенс ја „збриша“ двократната гренд слем шампионка Викторија Азаренка со 6:3/6:4 за пласман во четвртото коло во Њујорк со импресивна игра, по која ривалките треба да се плашат.

Американката беше подвижна и доминантна на свој сервис, додека Азаренка се мачеше со сервисот и загуби брејк веќе во третиот гем. Азаренка почна да прави премногу грешки на форхенд и Стивенс го искористи тоа да го диктира темпото. Во вториот сет, Азаренка направи брејк во четвртиот гем, но Стивенс веднаш врати и потоа направи уште еден брејк за да го заврши мечот.

„Се борев во секој момент, трчав по секое топче. Играв против гренд слем шампионка и знаев дека нема да биде лесно“, изјави Стивенс, која сега игра со Белгијката Елизе Мертенс, која со 6:3/7:6(4) беше подобра од Чехинката Барбора Стрицова.

Во осминафиналето е и Украинката Елина Свитолина по 6:4/6:4 победата над Кинеската Кијанг Ванг и сега ќе игра со Летонката Анастасија Севастова, која се врати од сет негатива за 4:6/6:1/6:2 победа над Русинката Екатерина Макарова.

Scroll to Top