Top Sport

Ливерпул „маршираше“ и против Арсенал

Ливерпуил го продолжува „маршот“ во Премиерлигата, победувајќи ги Арсенал на гости со 0:2 за да остане во истата ситуација како и пред мечот – ако победи на сите мечеви до крајот на сезоната повторно ќе биде англиски шампион.

Ниту тимот на Микел Артета, кој игра одлично во 2022 година, не успеа да ги сопре „црвените“ и нивната победничка серија.

Диого Жота го продолжи неверојатниот скор против Арсенал, откако во својот седми меч во дресот на Ливерпул по седми пат ја затресе мрежата на „топчиите“ во 55. минута од мечот, користејќи ја грешката на голманот Арон Ремсдејл. Само седум минути подоцна, Роберто Фирмино ја потврди победата на тимот на Јирген Клоп, кој сега е на само еден поен (59-60) зад Манчестер сити, со една меѓусебна пресметка на „Етихад“ до крајот на сезоната.

Арсенал остануваат четврти со 51 поен, еден повеќе од Манчестер јунајтед, а имаат и два натпревари помалку од „ѓаволите“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top