Top Sport

Ливерпул на тренинг му честитаа роденден на Стивен Џерард (галерија)

Фудбалерите на Ливерпул на денешниот тренинг му испеаја роденденска песна на, сега веќе 40-годишниот поранешен капитен Стивен Џерард, кој сега работи како менаџер на Глазгов Ренџерс.

Џерард беше дел од тимот на Жерар Улие кој во 2000/01 освои куп-тројна титула, со двата англиски купа и УЕФА купот, а во 2005 година беше дел од тимот на Рафа Бенитез кој го направи славното „чудо во Истанбул“, победата над Милан на пенали во финалето на ЛШ.

Сепак, сегашната генерација на Ливерпул ќе направи нешто што него не му успеа, ќе ги однесе „црвените“ до титулата, откако во 2008/09 и во 2013/14 беше многу блиску до трофејот, кој вториот пат му избега поради неговата грешка на мечот со Челси.

Scroll to Top