Top Sport

Фјури заработи повеќе од Мекгрегор па се пофали: Не беше лоша годината!

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури покрај својот епитет како „Џипси кинг“, стана и „кралот“ на парите во боречките спортови, откако го победи Конор Мекгрегор на листата на тие кои најмногу заработиле во 2020 според магазинот „Форбс“.

Роџер Федерер е прв на листата со 106 милиони долари, но во однос на „фајтерите“, Фјури е прв со 57 милиони долари во годината во која се врати на врвот со нокаут над Дионтеј Вајлдер во февруари и вкупно 11. на листата, пред ММА ѕвездата Конор Мекгрегор (48 милиони долари), неговиот можен потенцијален ривал Ентони Џошуа (47 милиони долари), а во топ 30 се и Вајлдер (46.5 милиони долари) и Саул Канело Алварез (37 милиони долари).

„Огромна благодарност до мојот тим и до Господ. Ова не беше лоша година“, напиша Фјури на Инстаграм.

Кога ќе се продолжи боксот по корона-кризата, 31-годишниот Британец ќе има шанси да ја зголеми својата финансиска моќ, откако е предвиден и трет меч против Вајлдер, како и пресметка со Џошуа.

 

View this post on Instagram

 

Massive thanks to my team and god, @forbes #11 ?? not a bad year.

A post shared by Tyson Fury (@gypsyking101) on

Scroll to Top