Top Sport

Ливерпул најдоа „дупка“ во новото правило жив ѕид без напаѓачи

Првите луѓе на Премиер лигата се надеваа дека имаат решение за „туркањето“ во живиот ѕид меѓу одбранбените фудбалери и напаѓачите со тоа што забранија присуство на напаѓачи во живиот ѕид, но правилото „падна“ уште во првиот меч од сезоната.

Во петочната пресметка меѓу Ливерпул и Норич, европските шампиони најдоа едноставно и елегантно решение за проблемот – Вајналдум, Фабињо и Фирмино сами си направија жив ѕид пред ѕидот на Норич. Останува да се види дали Премиер лигата ќе реагира на ова „прекршување“.

Премиерлига тргна со автогол, Ливерпул го доби Норич, но го загуби Алисон

Scroll to Top