Top Sport

Ливерпул: Не би потпишале со Рамос ниту беспари!

Минатата недела излезе неверојатната вест дека Серхио Рамос е блиску до заминување од Реал Мадрид, со Премиер лигата како најверојатна дестинација, но ако се веруваат изворите на Ливерпул, тоа сигурно нема да биде на „Енфилд“.

Според  изворот на весникот „Дејли мирор“, 33-годишниот Рамос сигурно нема да облече црвен дрес, дури и да пристигне во Англија бесплатно на слободен трансфер.

„Постојат 0.0 шанси Серхио Рамос да заигра за Ливерпул. И не, нема врска тоа што му го направи на Мохамед Салах лани во Киев. Дури и да ја освоевме ЛШ, а Рамос да се ракуваше со секој фудбалер на Ливерпул, немаше да има интерес за него. Рамос едноставно не е фудбалер од профилот кој го бара Јирген Клоп. Не би потпишале ниту да дојде бесплатно“, вели изворот од Ливерпул.

Ауч!

Scroll to Top