Top Sport

Стрицова и Рибарикова по трофејот во Линц

Барбора Стрицова се пласираше во своето осмо финале во кариерата победувјаќи ја квалификантката Михаела Бузарнески со 6:3/7:6(3) по два часа игра, за да се пласира во финалето на Генерали Лејдис турнирот во австрискиот Линц, каде што во недела ќе игра со Словачката Магдалена Рибарикова.

Стрицова спаси две брејк топки во првиот сет, а еднаш направи брејк против 29-годишната романска полу-аматерка за пласман во финалето. За Бузарнеску тука е утехата што првпат во кариерата ќе влезе во топ 100 на ВТА-листата во понеделник. Стрицова ќе игра за втората титула во кариерата по таа од Квебек Сити од 2011 година.

Магдалена Рибарикова пак, ја победи Швајцарката Викторија Голубич со 6:3/6:4 за свое седмо ВТА-финале во кое ќе оди на петта титула.

Scroll to Top