Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Сенегал, Садио Мане, не ги известил челниците на клубот од „Енфилд“ дека сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен.
Мане има договор со Ливерпул до јуни следната година, а британските и германските медиуми со недели тврдат дека Сенегалецот ќе се пресели во Баерн.
По поразот на Ливерпул од Реал (0:1) во финалето на Лигата на шампионите, тој најави дека сака да ја промени средината.
Сепак, „Тајмс“ наведува дека челниците на Ливерпул се уште не се контактирани околу трансферот, а наводното обесштетување за сенегалскиот фудбалер не би требало да биде помало од 35 милиони фунти.
Челниците на Баерн го следеа Мане во саботното финале во Лигата на шампионите, и наводно му нудат договор за фудбалерот на Ливерпул до јуни 2025 година.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Мане ќе биде одличен играч каде и да ја продолжи кариерата.