Top Sport

Ливерпул нема да го продолжи договорот со „Најки“

Фудбалскиот клуб Ливерпул по завршувањето на сезоната 2025/2026 ќе го смени спонзорот. Ливерпул нема да го продолжи договорот со компанијата за спортска опрема „Најки“.

Според актуелниот договор со „Најки“, Ливерпул добива фиксна сума од 30.000.000 фунти по сезона, плус 20 отсто провизија од нето продажбата на клупската стока, со што вкупниот износ е над 60.000.000 фунти годишно.

Американската компанија ќе му исплати на клубот 2.500.000 фунти доколку ја освои титулата во Премиер лигата, односно 4.000.000 фунти доколку Ливерпул ја освои Лигата на шампиони. Само пласманот во финалето во Лигата на шампионите ќе слее во клупската каса 2.500.000 фунти.

Следен спонзор на Ливерпул ќе биде „Адидас“. Се шпекулира дека идниот договор со германската компанија ќе биде значително поголем, иако конечната сума ќе зависи од резултатите на теренот и глобалната продажба на дресови.

Ливерпул претходно беше под договор со „Адидас“ од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.

Scroll to Top