Top Sport

Ливерпул немале пари да го вратат Кутињо

Ден по трансферот на Фелипе Кутињо од Барселона во Баерн се огласи поранешниот тренер на Бразилецот Јирген Клоп. Кутињо една година е позајмен во Баерн, а клубот од Минхен во 2020 година ќе може да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра.

Фелипе Кутињо, во јануари 2018 година од Ливерпул се пресели во Барселона. „Црвените“ од неговиот трансфер заработија 160 милиони евра. Останатот е познато, Бразилецот не се снајде на „Ноу Камп“, а откако не најдоа купувач, челниците на Барселона решија да го позајмат во Минхен.

Во текот на преодниот рок Кутињо се поврзуваше со својот поранешен клуб Ливерпул. Токму на таа тема проговори Јирген Клоп. Тој признал дека во клубот ја разгледувале опцијата за негово враќање на „Енфилд“.

„Можеби ќе звучи чудно, но таков трансфер не можевме да си дозволиме. Веќе ги потрошивме парите што ги добивме за него кога тој замина во Барселона и не можевме да го вратиме. Тој е одличен човек и играч. Може да го смени текот на мечот со еден потег, тоа го докажал многу пати. Кога се наоѓа во вистинско окружување никој не може да го запре“, рекол Клоп.

Scroll to Top