Top Sport

„Без светска титула Меси не може да биде најдобриот во историјата“

Антонио Камачо поранешен играч и тренер на Реал Мадрид не го дели мислењето дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Тој истакнал дека му се восхитува на Аргентинецот, со напомена дека еден трофеј му недостига за да биде најдобриот на сите времиња.

„Фантастичен играч, но не можете да бидете најдобар во историјата доколку сте Аргентинец, а да немате трофеј од светско првенство. Постојат земји со помала традиција каде победа на светско првенство можеби не значи толку, но аргентина е доминантна сила. Не, без светска титула Меси неже да биде најдобар“, рекол Камачо.

Хосе Антонио Камачо во периодот од 1974 до 1989 одиграл 414 натпревари за Реал.

Scroll to Top