Актуелниот европски првак Ливерпул никако да победи во подготвителниот период. За разлика од претходните два натпревари „црвените“ против Спортинг Лисабон избегнаа пораз.
Јирген Клоп против Спортинг на теренот повторно испрати тим без главните напаѓачи. Во тимот, како и на претходните мечеви не беа голманот Алисон Бекер и напаѓачите Мане-Фирмино-Салах.
Бруно Фернандеш го постигна првиот гол на натпреварот во четвртата минута, но до крајот на полувремето Ливерпул направија пресврт преку Ориги и Вајналдум. Конечниот резултат го постави Вендел во 53 минута.
Ливерпул започна во составот: Мињоле – Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон – Хендерсон, Фабињо, Милнер – Окслејд-Чембрлен, Вајналдум – Ориги.
Наредниот меч Ливерпул ќе го одиграат в недела во Единбург против Наполи. На дуелот против европскиот првак во дресот на Наполи треба да дебитира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.