Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ја засили дефанзивата со левиот бек на Рома, Емерсон Палмиери.
Клоп сакаше овој фудбалер да го донесе во летниот преоден рок, но Бразилецот во финишот на сезоната ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото поради што Ливерпул се откажа од трансферот.
Сега кога левиот бек започна со тренинзи и се очекува набргу да се врати на терените, Клоп е подготвен во јануари да плати за неговите услуги 25 милиони евра. Ливерпул на Евертон ќе му понуди договор до 2022 година.
Доколку Рома се согласи на овој трансфер, тогаш добро ќе профитира бидејќи кога Бразилецот доаѓаше во Рим за него на Сантос му плати два милиона евра.