Top Sport

Ливерпул одбраната на титулата ќе ја започнат против Лидс

Лидс Јунајтед првиот меч во елитниот ранг на англискиот фудбал по пауза од 16 години ќе го одигра на „Енфилд“ против шампионот Ливерпул. Премиер лигата претпладнево го објави календарот и двојките за сезоната 2020/2021. Репрезент на македонскиот фудбал ќе биде Езџан Алиоски кој го носи дресот на Лидс Јунајтед.

Премиер лигата ќе стартува на 12 септември кога ќе се одиграат шест натпревари во терминот од 16 часот, наредниот ден ќе се одиграат два натпревари во терминот од 21 час, додека одложени ќе бидат натпреварите Барнли-Манчестер Јунајтед и Манчестер сити-Астон Вила.

Премиер лига, 1.коло:

Ливерул-Лидс
Кристал Палас-Саутемптон
Фулам-Арсенал
Тотенхем-Евертон
ВБА-Лестер
Вест Хем-Њукасл
Брајтон-Челси
Шефилд Јунајтед-Вулверхемптон

Првото големо дерби на програмата ќе биде во второто коло кога Челси ќе го пречека Ливерпул. Актуелните шампиони од „Енфилд“ во третото коло ќе го пречекаат Арсенал.

Првото „Мерсисајд“ дерби, дуелот помеѓу Евертон и Ливерпул ќе се одигра на 17 октомври, додека дербито на северен Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал на програмата ќе биде на 5 декември. Седум дена подоцна на „Олд Трафорд“ ќе играат Манчестер Јунајтед и Манчестер сити.

На Боксинг деј е лондонскиот дуел помеѓу Арсенал и Челси, додека најголемото дерби на англискиот фудбал, Ливерпул-Манчестер Јунајтед, ќе се игра на 16 јануари наредната година.

Scroll to Top