Откако Јирген Клоп претходно ги нарече навивачите кои пеат хомофобни песни „идиоти“, Ливерпул повторно мораше да се огради од дел од своите фанови на „Енфилд“, кои пееја исти песни и на мечот против Челси (1:1) во саботата.
Претходно, Ливерпул ги осудија извиците „Момче за изнајмување на Челси“ кон фудбалерот на Норич Били Гилмор (кој е на позајмица од Челси) на мечот на 14 август, а сега истата песна се слушаше на дуелот со Челси.
„Ливерпул искажува разочарување што мал дел од нашите навивачи повторно пееја навредливи песни во текот на саботниот меч против Челси. Клубот ги осудува овие акции и ќе ги испита сите обвинувања за дискриминаторско однесување заедно со властите“, се вели во објавата на Ливерпул.