Top Sport

Ливерпул подготвува уште еден сензационален трансфер

Ливерпул започна директни разговори со претставници на бразилскиот напаѓач Родриго, кој би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето, пишува новинарот Санти Ауна.

Иако во моментов нема официјални преговори меѓу клубовите, „Скај Германија“ објави дека Реал Мадрид е отворен за продажба на 23-годишниот Бразилец, а самиот Родриго е свесен за таа можност.

Флоријан Плетенберг додава дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и го гледа Родриго како можна замена доколку Луис Дијаз го напушти „Енфилд“. Колумбискиот репрезентативец е посакуван од Баерн, што би можело да отвори простор за доведување на Родриго, иако тој трансфер би бил многу скап.

Реал нема да се противи на продажбата доколку Ливерпул понуди околу 100 милиони евра. Бразилецот наводно заработува до 10 милиони евра нето годишно, што веќе ги одврати некои заинтересирани клубови како што е Челзи.

Ливерпул е еден од најактивните клубови ова лето на трансфер пазарот. На засилувања, англискиот првак потроши речиси 300 милиони евра.

Scroll to Top