Top Sport

Ливерпул подготвува втора понуда за Исак, Њукасл му нуди нов договор

Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака да се пресели на „Енфилд“, но Њукасл сака да го задржи.

Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак јасно и гласно им порача на челниците на Њукасл дека сака да го напушти клубот.

На „Сент Џејмс Парк“ веројатно би ја прифатиле понудата од Ливерпул доколку би имале опција плус во нападот. На пазарот Њукасл не може да најде напаѓач. Последен кој ја одби понудата од овој клуб е Бенјамин Шешко, претходно истото го напарви и Уго Екитике.

Се чини дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но сè уште има време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот го сака Ливерпул. Сепак главниот збор го има Њукасл.

Приоритет за „Свраките“ е да го задржат Исак. Сепак, не е во ничиј интерес да задржи играч против негова волја, како што истакна самиот тренер Еди Хау.

– Тој е наш играч, под договор. Сакам најдобар можен исход, сакам најдобар и најсилен состав. Но, сакам и играчи во него кои сакаат да играат за овој клуб. Ќе видиме што ќе се случи – рече Хау.

Во Њукасл веруваат дека рецептот за да го здржат Исак е да му понудат нов договор, што подразбира значително зголемување на платата, но и вметнување минимална клаузула во случај на продажба.

Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN

Scroll to Top