Top Sport

Ливерпул покажале интерес за Саул

Ливерпул сериозно размислува да влезе во преговори со Алетико Мадрид, за Саул Нигез. Саул има договор со „јорганнџиите“ до 2026 година и откупна клаузула од 150 милиони евра. Во Ливерпул се сигурни дека неговиот потпис би можеле да го обезбедат за 40 милиони евра.

Саул, минатата сезона, не беше стандарден во шампионскиот тим на Атлетико. Предност во редот за врска имаа Коке, Љоренте и Лемар.

Во новата сезона конкуренцијата во овој дел на тимот ќе биде поголема бидејќи Атлетико го договорија Родриго Де Пол од Удинезе.

Ливерпул, од друга страна, мора да го засилат редот за врска по заминувањето на Жоржињо Вајналдум во ПСЖ.

Scroll to Top