Top Sport

Ливерпул понудиле 70.000.000 евра за најдобриот играч на Порто

Фудбалскиот клуб Ливерпул, во зимскиот преоден рок, подготвува спектакуларен трансфер. Колумбискиот новинар, Сесар Аугусто Лондоно, чии објави на Твитер, ги следат повеќе од 1.000.000 луѓе, тврдат дека Ливерпул и Порто ги започнале преговорите околу трансферот на Лус Дијаз.

Ливерпул, за Колумбиецот, понудиле околу 70.000.000 евра. Желбата на Јирген Клоп била трансферот да се реализира што е можно побргу, бидејќи Садио Мане и Мохамед Салах им се приклучија на своите репрезентации на Африканскиот куп.

Scroll to Top