Сагата околу трансферот на Фелипе Кутињо од Ливерпул во Барселона со голема веројатност ќе има среќен крај. Како што пренесоа голем дел од медиумите, Ливерпул се согласил да го продаде Бразилецот за сума од околу 145 милиони евра.
Деталите околу трансферот ги договорил еден од најпознатите фудбалски менаџери, Киа Јарабчјан. Кутињо ќе биде наследникот на Андрес Инисета, за кого се претпоставува, дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Ноу Камп“. Бразилецот во Барселона годишно ќе заработува 14 милиони евра.
Барселона го сакаше Кутињо и во летниот преоден рок, но тогаш Ливерпул воопшто не сакаше да преговара и одби три понуди од својот најдобар фудбалер.
Иако Кутињо нема да може да ѝ помогне на Барселона во Лигата на шампионите, од „Ноу Камп“ се решени што побрзо да го заклучат овој трансфер.
Ливерпул попушти бидејќи во јануари има намера да тргне по дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил Ван Дајк, чија вредност на фудбалскиот пазар е помеѓу 65 и 75 милиони евра.
За да направи место за Кутињо Барселона ќе се раздели со Ардар Туран, кој има годишна плата од 8,5 милиони евра, и Андре Гомеш, кој не ги оправда очекувањата.