Top Sport

Ливерпул поради инцидентот со Гвардиола подготвува доживотни забрани за фановите

Дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд“ може да биде последниот што некои навивачи на „црвените“ го гледале на домашен терен. По натпреварот Пеп Гвардиола, во својот коментар рече дека домашните навивачи фрлале кон него фрлале со парички. Од Ливерпул ветија целосна истрага и жестоки казни. Клубот објави дека на тие навивачи доживотно ќе им биде забрането да влезат на „Енфилд“.

Инцидентот се случи по 53.минута, кога Гвардиола бурно го искажа незадоволството кога судијата ја прегледа снимката и го поништи голот на Фил Фоден. Поништувањето на голот навивачите на Ливерпул жестоко го прославија, а некои со парички фрлаа во правецот на Гвардиола.

„Свесни сме за инцидентот во кој одредени предмети беа фрлени на теренот. Ова е тотално неприфатливо однесување, тоа според нормите како треба да се однесуваат навивачите на „Енфилд“. Инцидентот ќе биде целосно истражен со помош на надзорните камери, а виновниците ќе бидат казнети, не е исклучено да им биде изречена доживотна забрана влез на „Енфилд“, а можеби и сите фудбалски настани“, изјави портпаролот на Ливерпул.

Гвардиола со иронично ја коментираше спорната ситуација.

-„Вторпат ќе гаѓаат подобро. Се обидоа, но не ме погодија“, изјави тренерот на Сити.

Scroll to Top