Top Sport

Ливерпул преговараат со саудиски и катарски конзорциуми

Американските газди на Ливерпул, „Фенвеј спортс груп“ започнале со преговори со конзорциуми од Саудиска Арабија и Катар за потенцијално преземање на клубот за 3 милијарди фунти, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Според нивните извори се работи за приватни конзорциуми, а не за државни компании на двете богати земји, иако нееодамна саудискиот министер за спорт, принцот Абдулазиз Бин Турки изјави дека неговата држава може да ги купи и Ливерпул и Манчестер јунајте.

„ФСГ“ ја објавија намерата да го продадат Ливерпул овој месец, откако имаа одличен успех со клубот, својувајќи ја титулата од Лигата на шампионите во 2019 и од Премиерлигата во 2020. Сепак, кај американските газди постои стравување дека откако и лутите ривали Манчестер јунајтед се поставени на фудбалскиот пазар, ќе добијат помалку пари за трансакцијата. Според магазинот „Форбс“, Ливерпул во мај вредеа 3.89 милијарди фунти, додека Манчстер јунајтед се проценуваат на 5 милијарди фунти.

„ФСГ“ ги купија Ливерпул за 300 милиони фунти од Том Хикс и Џорџ Џилет.

Scroll to Top